наша визија и мисија

За нас

иновативна компанија со огромно искуство во областа на обновливите извори на енергија

За нас

Етер.мк е иновативна компанија со огромно искуство во областа на обновливите извори на енергија. Основано од Електро инжинери кои се пионери во областа на алтернативни извори на енергија, ние сме ориентирани кон деловни и технолошки иновации, заземајќи водечка позиција во областа на обновливите извори на енергија. Се стремиме да ги доближиме новите технологии до сите сегменти на општеството, валидни за компанија која е синоним за квалитет и доверливост. Пристапуваме кон барањата на клиентите со исклучителен професионализам и постојано инвестирање во истражување и развој кое не позиционира меѓу компаниите кои се во чекор со светските трендови. Нашата понуда се состои, пред сè, од висококвалитетна опрема од реномирани светски производители, која се покажала како исклучително доверлива во текот на долгогодишното користење. Во нашата работа интегрираме неколку извори на енергија како што се сонцето, ветерот, водата, геотермалната енергија, со цел да добиеме енергетски ефикасни згради. Нашите системи се флексибилни со можност за проширување и прилагодување. Исто така, за препознатливоста на нашето име на пазарот и рејтингот на доверлива компанија придонесе широката палета на опрема по најдобри цени и целосната техничка поддршка што им ја нудиме на нашите клиенти.

Мисија

Се стремиме на нашите клиенти да им обезбедиме најдобри услови за постигнување енергетска ефикасност преку висококвалитетни производи и услуги, притоа земајќи го предвид квалитетот на работата на вработените и одржливиот развој. Исто така, сакаме да останеме синоним за компанија која инсистира на квалитет во сите сфери на бизнисот и интензивно се грижи за заштита на животната средина

Цел и визија

Нашата цел е да го промениме модерниот свет и да создадеме одржливи и прифатливи енергетски решенија за идните генерации.

Решенија

Соларна Енергија

Хидро енергија

Енергија од ветер

Биоенергија

партнерство

Наши клиенти